Мирка Гинова која грчкиот премиер Алексис Ципрас ја спомна во говорот во грчкиот парламент како Иртини Гини, но и со нејзиното вистинско име и презиме, е Егејка убиена и мачена од грчките фашисти во 1946 година во близина на Воден.
Мирка Гинова била родена 1916 година, а била учителка и борец од Граѓанската војна во Грција (1946-1949).
Мирка и нејзиниот брат Ташко биле деца на Коста Гинов, учесник во Илинденското востание.
Кога започнала Граѓанската војна во Грција се борела како партизанка во редовите на ЕЛАС (народна војска) која се борела против грчките монархофашисти.
Кога била фатена, никого не предала од своите соборци и затоа била стрелана.
Според историчарите, таа била жива закопана до глава и било пукано во неа.
За неа има и песна „Мирка уморна заспала“.
Абецедарот, за кој Ципрас исто така зборуваше бил издаден во 1925 година во Грција, за потребите на македонските деца, на македонско наречје, но уште истата година бил повлечен од употреба.
Но, за среќа зачувани се примероци и реиздаден е и денес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто Егејците плачеа на говорот на Ципрас: Трагедијата си ја носат со генерации
Фото: Влада/Википедија