Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за нов заменик министер за финансии ја предлагаат Гордана Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска е Магистер по економски науки на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Вработена е во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии.
Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком во секторот на даноци, во Министерство за финансии во Секторот за јавен долг, а воедно во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со оваа компанија управуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Димитриеска Кочоска поседува обуки, професионални надградби и меѓународни сертификати од повеќе области, како што е анализа на финансиски извештаи, сметководствена аналитика, менаџирање, контрола и управување, завршила и Академија за контрола, во Менаџмент центар Белград, а лиценцирана од CA Akademie AG.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Цветан Трипуновски, кој ВМРО-ДПМНЕ го предлага за заменик министер за земјоделство
Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи
Фото: ВМРО-ДПМНЕ