еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е приватно идната министерка Ангеловска: Парите ги троши на патувања

Со идната министерка за финансии Нина Ангеловска разговаравме пред три години кога таа се најде на листата на 100 жени основачи на старт-апбизниси од Европа (100 Female Startup Founders Europe) на германскиот магазин The Hundert. Листата на тоа германско списание кое известува за старт-ап сцената во Европа, ја сподели и Forbes препознавајќи ја како квалитетна.

Целта на оваа листа е да се претстават успешните жени основачи на бизниси кои ќе ги инспирираат, охрабрат и мотивираат другите жени, бидејќи се уште е голем јазот меѓу мажите и жените основачи на компании и нивна застапеност на менаџерските позиции. Потенцијалот на жената како претприемач, се уште не е доволно искористен и тоа е една од целите на Европската Унија во насока на подобрување на економијата на европските држави во иднина.

„Сум добивала многу награди, но ова меѓународно признание на ниво на Европа ми претставува посебна чест”, вели Ангеловска, која е коосновач на платформата „Групер“.

МОТИВАЦИЈАТА Е ВАЖЕН ФАКТОР

Клучен фактор за успехот на Ангеловска била мотивацијата да се успее. Тој поразителен еден процент во онлајн купување, го гледала како огромен потенцијал за развој и можност за успех на овој бизнис. Почетоците и пробивањето на патот  биле тешки, но со добра макретинг стратегија уште на првиот ден на лансирањето на понуда биле продадени 200 купони во рок од 24 часа.

„Се што правиме, го правиме со приказна. Клучот за успехот е работа и само работа како и постојано учење и надградување. Неопходно е постојано следење на трендовите, за да се биде во чекор со барањата и потребите на клиентите и секогаш да се понуди дополнителна вредност,“ изјави тогаш Ангеловска во интервјуто за „еМагазин“.

Според Ангеловска, вработените се силата на компанијата и секој од нив е значајна алка во тој синџир кој постигнува успех. Секој со својата идеја, размислување и работа придонесува во градењето на успешната приказна.

НА ПАТУВАЊА ТРОШИМЕ ПАРИ, НО НЕ ПРАВАТ ПОБОГАТИ

Приватно, секој слободен викенд или време ги користи за патувања и откривање на нови дестинации.

„Патувањата се нешто на кое трошиме пари, а не прави побогати,“ вели таа.

Инаку е спортски тип на девојка која што енергијата ја троши на вежбање и спортување, а чувството после секој тренинг го опишува како бесценето. Таа беше и дел од една кампања на „Најк“ како амбасадор на брендот.

„Мајка ми секогаш ме воспитуваше дека учењето и знаењето се единствената работа која никој не може да ни ја земе. Покрај учењето и знаењето во успехот сметам дека играат улога гените на моите родители, имав од кого да учам и на кого да се угледувам.

Додека студирав ги посетував сите можни обуки кои ќе ги видев. Денеска ми е чест што се наоѓам од другата страна како говорник на бројни настани, конфенции и тренинзи“, вели Ангеловска која како апсолвент на натпревар за најиновативен бизнис план, победи и освои чек од 5.000 евра, пари кои ги вложи за да ја започне „Групер“ приказната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Идната министерка за финансии, Ангеловска: Ќе вложам максимум во домаќинско раководење со парите на граѓаните

Ангеловска: Желбата ми беше да успееме и да го смениме пазарот на е-трговија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисот со канабис за медицинска употреба расцвета: Бројот на издадени лиценци порасна на 27

Редакција

Вевчанците кои на Вевчанскиот карневал го запалија бугарското знаме, треба да платат 17.000 евра казна

Редакција

Пендиков ќе добие стан, обезбедување и бугарско државјанство по итна постапка

Редакција