На 7. октомври во Охрид ќе се отвори вториот бугарски културен центар “Цар Борис Трети“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Охрид ќе се отвори втор бугарски културен центар „Цар Борис III“
Името и на овој бугарски клуб, кој ќе „шири култура“ предизвика лавина од негативни реакции во Македонија, а остра реакција, но и кривична пријава за името најавија од Еврејската заедница во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Клубот ќе биде сместен во трговскиот центар Амам, на истиот кат каде се наоѓа и бугарскиот културно информативен центар „Балкански хоризонти”, кој го отвори потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, во април годинава.
Кој е Борис Трети
По водство на Борис Трети, кој во бугарската историографија е познат како „Царот обединител“, Бугарија се приклучува кон Тројниот пакт на нацистичка Германија, фашистичка Италија и милитаристичка Јапонија.
Тој во април 1941 година дозволува германските сили од територијата на Бугарија да извршат агресија врз Кралството Југославија, по што за награда добива територии од распаднатата југословенска држава и Грција, вклучително и голем дел од денешна Македонија.
Името на царот Борис Трети е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна.
Цар Борис Трети и Владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во логорот Треблика, во окупирана Полска.
Цар Борис Трети на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија: „Eден цар, еден народ, една држава“ и е докажан заговорник за спроведување на т.н. „Конечно решение на еврејското прашање“.
Умира неочекувано на 28 август 1943 година, набрзо по неговата посетата на Адолф Хитлер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО Охрид оформи предмет за регистрацијата на бугарското здружение „Цар Борис Трети“
На престолот го наследува син му Симеон Втори, кој останува на чело на бугарската држава до септември 1946 година, а од јули 2001 до август 2005 година беше премиер на Бугарија, под името Симеон Сакскобурготски, кој лично дал дозвола овој клуб да го носи името на неговиот татко.