Иако е прв Албанец во историјата на државата кој е назначен за директор на Агенцијата за разузнавање, ДУИ денес изрази вознемиреност и загриженост што претседателот Стево Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за прв разузнувач.
Кој е Муслиу
Муслиу е роден 1969 година во Кичево. Дипломирал криминалистика на Факултетот за безбедност во Скопје.
Од 1993-1998 година работи во МВР, во Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање (денешна УБК) каде бил ангажиран на теренски активности од областа на контраразузнавањето како самостоен инспектор.
Со отпочнување со работа на Агенцијата за разунавање (АР) во 1998 година, Муслиу преминува во Агенцијата и работи на теренски активности од областа на разузнавање на меѓународниот тероризам како виш и главен инспектор.
Од 2000 до 2007 година, Муслиу работи во рамки на Дирекцијата за оперативни работи на АР, ангажиран на теренски активности како помошник на директорот на Дирекцијата.
Од 2007 до 2012 година во рамки на АР, Муслиу раководи со Дирекцијата за разузнавање на меѓународниот тероризам и организиран криминал.
Во 2012 година е прераспореден на позицијата советник на директорот на АР за меѓународна оперативна соработка.
Од 2015 година до денеска, Муслиу работи како помошник на директорот на АР, задолжен за координација на оперативните работи на Агенцијата.
За време на неговата работа во Агенцијата, Муслиу раководел со меѓународната оперативна соработка со партнерски служби во рамки на која активно учествувал и раководел со разузнавачки операции од регионален и меѓународен карактер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во ДУИ вознемирени од назначувањето на Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање
Пендаровски го назначи Ерол Муслиу за нов директор на Агенцијата за разузнавање
Фото:Фејсбук/Стево Пендаровски