Кирил Колемишевски и официјално е новиот заменик министер за економија.
Кој е Колемишевски?
Колемишевски е дипломиран правник со положен правосуден испит.
Дипломирал на Правниот факултет на Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Средно училиште завршил во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.
Тој е исто така и лиценциран инвестициски советник.
Работел во КБ Прво Пензиско друштво и Комерцијална банка, а во 2008 година е еден од основачите на „Мој фонд“, друштво за управување со фондови, каде е извршен директор.
По затворањето на „Мој фонд“ работи како адвокат, а од 2011 година до денес е адвокат-партнер во адвокатското друштво „Колемишевски и партнери“.
Роден е во 1977 година.
Каков имот пријавил?
Според анкетниот лист кој го доставил до Државната комисија за спречување на корупција кога станал член на Надзорниот одбор на Македонската банка за подршка на развојот на свое име пријавил земјиште во Ресен и стан во Скопје од 87 метри квадратни, кој е подарок.
Но онаа што е интересно е дека пријавил неколку удели и акции. Нема податок каде.
Уште поинтересно е дека има три заеми и еден кредит.
Има заем од 18 милиони денари, кој треба да го врати до 2024 година, заем од 4,3 милиони денари, кој треба да го врати до 2023 година и заем од 755 илјади денари, кој треба да го врати до 2026 година.
Кредитот е на сума од 162 илјади денари и истиот треба да го врати годинава.
Целиот негов анкетен лист, ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Елизабета Наумовска, новиот заменик-министер за образование и наука
Која е професионално и приватно, Нина Ангеловска, новата министерка за финансии
Колемишевски, Наумовска и Мехмедовиќ станаа нови заменици-министри
Фото: Фејсбук/Колемишевски