Насер Зибери е кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец.
Тој на македонската јавност и е познат по честите гостувања во дебатни емисии по телевизиите, а ретко кој се сеќава дека е и поранешен политичар.
Образование
Зибери е роден во 1961 година во Ласкарци, Општина Сарај.
Дипломирал на Правниот факултет, стои во неговата официјална биографија.
Работел и како новинар во весникот „Флака е влазеримит“.
Политичка кариера
Во политика влегува во 1990 година, кога стана претседател на огранокот на ПДП во скопската Општина Карпош.
Во периодот од 1994 до 1998 година бил генерален секретар на ПДП.
На парламентарните избори од 1990 и парламентарните избори од 1994 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.
Во периодот од февруари 1996 до ноември 1998 година е министер за труд и социјална политика и потпретседател на Владата, во време кога премиер беше Бранко Црвенковски.
На парламентарните избори од 1998 година повторно е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.
По повлекувањето од политичката сцена, Зибери работи како нотар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ДУИ во опозиција. Зошто да не?„: Твитер реакции
ДУИ на „тапет“ на Твитер за идејата за Албанец премиер
Фото: ДУИ/Фејсбук