Актуелниот потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев е новиот директор на Царинската управа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Стефан Богоев, новиот директор на Царинската управа
Стефан Богоев е новиот директор на Царинска управа
Кој е Богоев
Роден е во август 1989 година, во Скопје.
Дипломирал на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје, бизнис администрација со фокус на финансии во јуни 2011 година.
Според неговата официјална биографија тој е и магистрант на Универзитетот „Американ Колеџ“ Скопје, отсек применета економија на англиски јазик.
Зборува англиски јазик.
Оженет е и има син.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Потпретседателот на СДСМ, Богоев стана татко, доби син
Политичка кариера
Во 2019 година е избран за член на Извршниот одбор на СДСМ.
Од октомври 2017 до 2021 година ја извршува функцијата градоначалник на Општина Карпош.
Реизбран е за пратеник во Собранието во декември 2016 година.
Во април 2014 година за првпат е избран за пратеник.
Oд октомври 2013 година до 2018 година ја извршувал функцијата претседател на СДММ.
Член на Извршниот одбор на СДММ е од 2011 до 2013 година.
Избран е за секретар на ЛК СДММ Карпош во 2010 година.
Во 2020 година номиниран е од СДСМ да учествува на Националниот молитвен појадок во САД (Вашингтон).
Во 2018 бил дел од делегацијата на American Council of Young political Leaders (ACYPL) – програма за млади лидери финансирана од Стејт Департмент.
Во 2016 година како дел од кампањата на Демократската партија (претседателските избори) остварил студиска посета на САД.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Богоев го памти детството во Карпош по маалскиот живот, затоа сака парковите да ги врати и за дружба
Фото: Богоев/Фејсбук