Поранешениот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник, Љупчо Димовски, заедно со уште двајца поранешни министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков и Ацо Спасеновски, како и поранешниот заменик-министер Кристијан Делев се под истрага за злоупотреба на службена положба и овластување при доделување на земјоделска помош и давање под закуп државно земјоделско земјиште со што предизвикале штета од над 1,4 милиони евра на Буџетот.
Кој е Љупчо Димовски
Љупчо Димовски е роден во 1959 година во Велес.
Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.
Димовски е генерален секретар на Социјалистичката партија на Македонија.
Беше министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во периодот од 2009–2014 година.
Амнестиран за настаните во Собрание
Љупчо Димовски е еден од пратениците кои беа амнестирани за настаните во македонското Собрание од 27. април минатата година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил ексминистерот и актуелен пратеник, Љупчо Димовски
Собранието ќе одлучува дали ексминистерот Љупчо Димовски ќе оди во притвор
Притвор за Цветков и Делев, куќен притвор за Спасеновски, за Димовски дополнително ќе се одлучува
Фото: Фејсбук/Димовски