Кренар Лога, генералниот секретар на Алијансата за Албанците (АА) е кандидатот на партијата за нов министер за правда.
Тој доаѓа на местото на Никола Тупаченски од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се кандидатите за нови министри и заменици-министри
Образование
Лога е правник, дипломирал уставно и управно право во периодот од 2002 до 2006 година, на Универзитетот на Југоисточна Европа.
На истиот Универзите станал и магистер по дипломатија, во периодот од 2008 до 2011 година.
Работно искуство и политичка кариера
Бил заменик директор на Управата за финансиска полиција во периодот од 2007 до 2008 година.
Во 2010 година работел и како правен советник во Општина Тетово.
Работел и како шеф на кабинет и советник за правни прашања во Општина Струга, во 2013 година.
Бил и генерален секретар во Општина Струга во периодот од 2014 до 2017 година.
Во 2018 година бил раководител на Секторот за правни прашања во Општина Струга, а работел и во секторот за човечки ресурси во Државното правобранителство, во 2019 година.
Од 2021 година е член на Државната изборна комисија, како преставник на АА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Каја Шукова, кандидатката за нова министерка за животна средина и просторно планирање
Фото: АА