Продолжува (не)очекуваната „војна“ преку изјави на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и сегашниот, Христијан Мицкоски, а истовремено расте и бројот на актуелни и поранешни функционери и членови на партијата кои даваат отворена подршка на Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта, вели Груевски
Јанкулоска излезе од затвор за викенд и се сретна со Мицкоски, среде „војната“ со Груевски
Последна во низата е Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, која моментално е во затвор. Се јави и поранешниот лидер на партијата, Љубчо Георгиевски, кој сега ја води ВМРО-НП, кој го потсети Груевски за нивната „битка“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Георгиевски до Груевски: Се што ми направи мене сега ти го прават тебе
Меѓу првите кој му даде подршка на Мицкоски беше градоначалникот на скопски Аеродром, Тимчо Муцунски, кој е и потпретседател на партијата.
Јавна подршка доби и од Гордана Димитриеска Кочоска, исто така потпретседателка на партијата.
Подршка стигна и од Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, како и од неколку пратеници, но и од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ.
На страната на Мицкоски е и Марјан Ѓорчев, советник на Извршниот комитет (ИК) на партијата, Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на партијата…
За Груевски засега нема јавна подршка од истакнати актуелни или поранешни функционери и членови на партијата.
Колку оваа „војна“ е вистинска и што е нејзината позадина ќе стане јасно наскоро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски тврди дека на УСБ има материјали за „оската ДУИ, СДСМ и Груевски“
„Мицкоски против Груевски значи дека има 80 пратеници за гласање?“: Твитер реакции