Бизнисменот Орце Камчев е последното лице од Македонија, кое САД поради корупција го стави на црната листа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) И Орце Камчев заврши на црната листа на САД
Претходно на истата завршија македонската компанија “Сајтрокс“ и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кадар на владејачката ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е македонската компанија „Сајтрокс“, која САД ја стави на црната листа
Тој заедно со неговото семејство е на листата поради корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судски случаи.
Кој им прави друштво
Американскиот Стејт департмент лани во април поради корупција на црната листа ги стави и поранешниот премиер на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, како и нивните потесни семејства.
„Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во земјата и ја намалија вербата на јавноста во владата“, соопштија од Стејт департментот.
Според Стејт департментот Груевски бил вмешан во коруптивни дејствија при што го користел своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист.
„Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил својата положба за да бара и прима мито заради владини договори, за незаконски присвоени јавни средства и мешање во изборните процеси за политички полза за себе и за неговата партија“, соопшти Стејт департментот.
За Мијалков од таму велат дека во својство на директор на УБК бил инволвиран во коруптивни дела кои вклучувале користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист.
Според Стејт департментот, постојат веродостојни информации дека Мијалков го злоупотребил овластувањето од функцијата за да бара поткуп за склучени договори.
Тој, исто така се мешал во изборните процеси во своја и во корист на политичката партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која друга компанија освен “Сајтрокс“ е на црната листа на САД, а е поврзана со Македонија
На црната листа на САД е ставена и фирмата која што Груевски ја отвори во Унгарија, каде по бегството доби политички азил.
На листата од претходно се наоѓаат и Љубе Бошковски, Мендух Тачи, Џеват Адеми, Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени.
Повеќето од нив се ставени на оваа листа за време на администрациите на Бил Клинтон и Џорџ Буш помладиот, а најголемиот дел се поранешни припадници на ОНА и АНА, а дел се и поранешни пратеници.
Партиите пак на три од овие лица, Тачи, Адеми и Бошковски, ДПА, ДУИ, Обединети за Македонија се дел од актуелната власт.
Фото: Унсплеш