Ниското ниво на конкуренција води кон висока концентрација на вредноста на јавните тендери кај мал број фирми е еден од клучните наоди во Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до декември 2022 година од страна на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
-На Електронскиот систем за јавни набавки се регистрирани 16.500 економски оператори, но од нив се активни само 6.400.
Но, обработката на податоците од 2022 година од страна на тимот на ЦГК покажува дека постои висока концентрација на вредноста на тендерите кај мал број фирми.
Имено, од вкупната вредност на склучените договори за јавни набавки во 2022 година, која изнесува 1,1 милијарда евра, дури 20% им припаѓа само на 10 економски оператори.
Притоа, бројот на договорите што тие ги имаат склучено во 2022 година изнесува 1.987 и нивната вкупна вредност е 13,7 милијарди денари, односно 223 милиони евра.
На врвот е компанијата која продава електрична енергија – Енерџи Деливери Солушнс АД Скопје, која во 2022 година има склучено 241 договор со институциите на централно и на локално ниво, и тоа во вкупна вредност од 50,3 милиони евра.
Следен е трговецот со нафтени деривати Пуцко Петрол ДООЕЛ с. Пласница, кој има 413 договори во вредност од околу 50 милиони евра.
На трето место е Марковски Компани Борче ДООЕЛ Битола, која сите договори ги склучила со АД Електрани изнајмувајќи им машини и работници за 25 милиони евра, стои во Извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Највредниот договор за јавна набавка без оглас лани го добила бугарската фирма Actael N Ltd