Во Годишниот извештај, објавен преку Македонската берза, Стопанска банка-Скопје (СБ) ја објави акционерската структура.
„Во текот на 2018 година нема значителни промени во акционерската структура: Национална Банка на Грција С.А. – Атина (НБГ) поседува 94,6% од обичните акции, додека 5,4% од акциите се во сопственост на останатите малцински акционери.
НБГ се претставени со 5 членови во Надзорниот одбор на СБ, а останатите 2 члена се независни.
Со состојба на 31 декември 2018 година, почетниот капитал (основниот капитал) се состои од 17.460.180 обични акции со номинална вредност од 201,1 денари по акција и 227.444 приоритетни акции со номинална вредност од 400 денари по акција“, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За надоместоци на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје лани исплатени 32,5 милиони денари
Кои се членови на Управниот одбор на Стопанска банка-Скопје
Колкави се надоместоците на членовите на Надзорниот одбор на Стопанска банка-Скопје
Кои се членови на Надзорниот одбор на Стопанска банка-Скопје