Централниот Комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница побарал од матичните општински комитети да поведе дисциплинска постапка и да ги исклучат од членство Сашо Мијалков и Никола Тодоров, информираше по завршувањето на седницата, потпреседателот Александар Николоски.
Како што објасни тие се пред исклучување, поради истите причини поради кои е разрешен и потпреседателот на партијата, Митко Јанчев.
“Заради дејствување спротивно на интересите на ВМРО-ДПМНЕ, но и на Македонија, заради силна соработка со Зоран Заев како и организирање на група за притисоци, уцени, закани и поткуп на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со цел да гласаат за уставните измени, а користејќи најниски методи“, објасни Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) ЦК на ВМРО-ДПМНЕ поради силна соработка со Заев го разреши потпретседателот Митко Јанчев
Мицкоски побарал вонреден конгрес за да се гласа за негова доверба, ЦК на ВМРО-ДПМНЕ одбил
Мијалков: Не сум влијаел врз никој во ВМРО-ДПМНЕ