еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка меѓу најголемите доверители: Каде ќе заврши атрактивниот имот на „Технометал Вардар“?

Завршува ли полека приказната за „Технометал-Вардар“ АД Скопје е прашање на кое е извесен потврден одговор ако се земе предвид дека веќе активно се спроведува стечајната постапка во друштвото која започна во октомври, годинава.

Станува збор за компанија која е основана пред повеќе од 60 години и која за време на поранешна Југославија беше водечка трговска фирма со широк спектар на трговски активности: трговија со мермер, челик, обоени метали и неметали, опрема, машини, електрични и металотехничка стоки, вино, прехранбени стоки и др.

Сега, за стечан управник е поставен Душко Тодевски, а со решение од 01.11.2019 година на Основен Суд Скопје 2 Скопје е основан Одбор на доверители во состав од Комерцијална Банка АД Скопје, Град Скопје и Водовод и Канализација Скопје.

Интересно е како ќе се одвива стечајната постапка со оглед на тоа што „Технометал Вардар“ располага со атрактивен имот во повеќе делови на Скопје.

На сајтот на „Технометал Вардар“ пишува дека во сопственост на компанијата е деловна зграда од над 8.000 м2  во строгиот центар на Скопје кој беше организиран како деловен центар за  издавање  на простор под закуп.

Компанијата поседува и затворен магацински и складишен простор со над 4.500 м2, отворен складишен простор од 140.000 м2, малопродажен простор над 500 м2

Компанијата има сопствено земјиште  од 140.000 м2 лоцирано во Индустриската зона во населбата Маџари, на кое се наоѓаат Дисконтниот центар и Пазарот на големо.

На сајтот на компанијата исто така може да се види дека дел од овој имот веќе се нудел на продажба.

Останува да се види каква ќе биде судбината на имотот за што краен збор ќе имаат доверителите.

Инаку, Македонската берза од денеска ги исклучи од котација акциите на „Технометал Вардар“ поради стечајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската берза ги исклучи од котација акциите на „Технометал Вардар“ поради стечај

Блокирана сметката на „Технометал-Вардар“: Стечај и се заканува на компанијата

Судиката Снежана Таневска ги испитува условите за стечај на „Технометал-Вардар“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена, нови 80 случаи на Ковид-19, оздравени 118, двајца починати

Редакција

Нема потреба да се стават во функција стоковите резерви, се преземаат сите мерки за зачувување на стандардот на граѓаните, велат од Владата

Редакција

Борисов можеби го признава македонскиот јазик, ама не и бугарската Влада и Собрание

Редакција