еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Коронавирусот само во Прилеп затвори две компании

Поради тоа што еден од административните работници во компанијата “Гентерм“ во технолошко-развојната зона „Алинци“ во Прилеп е позитивен на тестот за коронавирусот, истата времено ќе биде затворена од утре.

Во неа работат околу 1.900 работници.

Од пред неколку дена во Прилеп поради тоа што една од работничките е позитивна за коронавирусот, привремено се затвори и една текстилна компанија.

Нема дилема оваа ќе биде сериозен удар за економијата во оваа Општина, но и за работниците и нивните фамилии.

ВО БИТОЛА ПРИВРЕМЕНО СЕ ЗАТВОРИЈА ПРИВАТНА БОЛНИЦА И ФАБРИКАТА „КРОМБЕРГ И ШУБЕРТ“

Во соседна Битола пак од пред неколку дена привремено е затворена приватната гинеколошко-акушерска болница “Плодност“, од каде неодамна информираа дека четири лица од нивниот медицински персонал се позитивни на коронавирусот.

Претходно во индустриската зона „Жабени“ во Битола привремено со работа престана фабриката за производство на автомобилска опрема „Кромберг и Шуберт“.

Прекинот на производството како што информираа од фабриката во која работат околу 5.800 работници е по препорака на нарачателите на услугите стационирани во Германија и Шпанија.

„Производствтото целосно запира зашто мерките кои се преземаат во нашата држава и во Германија и Шпанија каде се транспортира целото наше производство, ја наметнаа потребата од донесување на таа одлука.

Заштитата на вработените е во преден план и сите се информирани за оваа одлука“, посочија од фабриката.

И КАВАДАРЦИ СЕРИОЗНО ПОГОДЕНО ОД „КОРОНА-КРИЗАТА“

Германската фабрика „Дрекслмајер“ во Кавадарци пред неколку дена информираше дека е одложено продолжението на производство поради коронавирусот.

Претходно, најголем дел од околу 5.000 работници беа пуштени на колективен платен годишен одмор, како превентива од Ковид-19.

„Поради актуелната состојба со ширењето на коронавирусот, како и прекинатите нарачки од нашите клиенти, компанијата го одложи почетокот на производството. „Дрекслмајер“ ги испорачува во точна секвенца и определено време токму оние автомобилски компоненти што во одреден момент ги нарачуваат автомобилските производители.

Доколку нема нарачки од клиентот, не се одвива производствениот процес и не се произведуваат залихи. Повторниот старт ќе зависи од развојот на ситуацијата со светската пандемија, но и од развојот во автомобилската индустрија“, посочија од фабриката.

Поради кризата со коронавирусот, која е на почеток, се повеќе фирми низ Македонија трпат сериозни последици, кои веќе ја зголемуваат невработеноста, но придонесоа и за опаѓање на животниот стандард на граѓаните.

Владата презеде неколку мерки за да го ублажи ударот од „корона-кризата“, но генералниот впечаток кај бизнис секторот е дека тие мерки не се доволни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од корона вирусот заболени повеќе женски отколку машки лица: Најголем број над 60 години

Мапа: Во половина македонски градови има заболени од корона вирусот

Детален преглед: Најголем број од новозаболените од корона вирусот во Струга и Скопје

Рекорден број новозаболени од корона вирусот на дневно ниво: Позитивни 12,8% од тестираните

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За сообраќајката во која загина 17-годишно момче осомничен возачот на автобус на ЈСП

Редакција

Наќе Чулев суспендиран од Агенцијата за разузнавање

Редакција

Приведен 22-годишник кој повредил полицаец на вчерашниот протест, заработи кривична

Редакција