Поранешната директорка на Клиниката за кожни болести, Нина Цаца Биљановска заработи кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, затоа што не ја почитувала мерката за самоизолација и откако се вратила од Италија продолжила да оди на работа, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.
„Против сите оние што не ги почитувале препораките на Владата е поднесен соодветен поднесок до ОЈО по член 205 и 206 од Кривичниот законик“, информираше Чулев.
Поранешната директорка како што е познато доведе во ризик стотици нејзини колеги и пациенти, а поради нејзе беа затворени и две клиники, во Скопје и Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Фрчат“ кривични за граѓани низ цела Македонија кои не се самоизолираат
(Вознемирувачко видео) Со камиони на армијата во Италија се пренесуваат починатите од корона вирусот
Поради корона вирусот: Пет илјади работници од „Дрекслмаер“ од понеделник ќе користат одмор
Фото: Дерматологија