еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Крвав крај на пресметка меѓу врсници: Малолетник убиен со нож во Лисиче

Седумнаесетгодишно момче го загуби животот откако по расправија која продолжила во физичка пресметка бил прободен со нож од негов врсник. Напаѓачот е пронајден и приведен во полициска станица.

Од полицијата информираат дека 35 минути по полноќ во СВР било пријавено дека на ул.„Февруарски поход“ во скопската населба Лисиче имало расправија меѓу неколку лица со А.Т (18), кој бил во друштво со К.Д (17), која продолжила и со физичка пресметка.

„Во еден момент А.Т. извадил нож и му нанел повреди на Н.Х.(17), кој со визоло на Итна медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, каде што починал“, појаснија од МВР.

Полицијата го пронашла и привела А.Т. и работи на расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во Идризово: Зафатена кровната конструкција

Редакција

(ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ФОТОГРАФИИ) Отсечени глави и масакрирани тела: Во Србија прикажани фотографии од жртвите на Вељко Невоља

Редакција

Вкупно 1.218 здравствени работници се заразиле со Ковид-19, починале 10

Редакција