еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кумулативната инциденца во Дебар 169,3 во Куманово 37,8, во Скопје 29,6: Заболени со коронавирусот по градови

Според последните податоци, објавени вчера, во Македонија бројот на заболени со коронавирусот изнесува 354 лица.

Прв случај е регистриран во Кочани.

“Заклучно со 31.03.2020, пријавени се вкупно 354 случаи на COVID-19 (I=17,1/100.000).

Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 16 градови: Скопје (183), Куманово (54), Дебар (47), Штип (15), Тетово (13), Прилеп (12), Струга (9), Велес (6), Битола (4), Охрид (3), Кавадарци (2), Гевгелија (2), Гостивар (1), Крива Паланка (1), Струмица (1) и Кочани (1).

 

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 169,3 заболени на 100.000 жители, а во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 37,8, додека во Скопје инциденцата е 29,6 на 100.000 жители“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Најголем дел од новозаболените со коронавирусот се на возраст од 40-49 и над 60 години

51 од случаите со коронавирус се импортирани од надвор, 229 лица имале контакт со веќе потврден случај

Бројот на заболени здравствени лица со коронавирусот во Македонија порасна на 38

(Мапа) Во кои скопски општини има најмногу заболени со коронавирусот

Фото: Општина Дебар/Графикон: ИЈЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела Македонија за првпат во 4 фаза, на широко-распространета трансмисија на Ковид-19

Редакција

Може ли да Ве избркат од работа ако не сте вакциниран?

Редакција

Повеќе заболени со Ковид-19, намалување на болни во образовните установи во Тетовско

Редакција