еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Левица со герила-акција побара европски права за Македонците во Пирин

На денешната официјална средба со бугарскиот премиер, Кирил Петков, младинската организација на Левица упати порака до премиерот кој го негира постоењето на Македонците во Бугарија, информираат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бугарија има и ќе има Македонци, му порача на Петков од ОМО Илинден – Пирин

Во Бугарија нема Македонци, вели бугарскиот премиер Петков

“Владата на Кирил Петков ги продолжува негаторските политики на неоврховизмот кон Република Македонија, додека Владата на Ковачевски, доколку имаше државотворен капацитет, веднаш ќе ја откажеше средбата после срамната изјава на Петков за непостоење на македонско малцинство.

Владата на Република Македонија има уставна должност да се грижи за правата на Македонците во соседните држави, а за шовинистичките политики на бугарските власти говорат 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права за кршење на човекови права на македонското малцинство.

Лицемерието на европската дипломатија спрема Македонија продолжува, која премолчено го одобрува ваквото брутално кршење на човекови права, додека користи перфидни методи за притисок и уцени врз македонскиот народ.

На мирниот протест, членовите на Левица со транспарент беа легитимирани од полицијата и задржани повеќе од половина час, како своевиден притисок од органите на прогонот при изразување на правото на мирен протест.

За потсетување, пред само неколку дена, неофашистички групации парадираа сред Скопје со знамиња на Цар Борис, заштитени со придружба од полицијата на Оливер Спасовски!“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Добредојдовте администратори на Цар Борис“: Левица го пречека Петков со герила акција

Мицкоски: Петков да дозволи регистрација на ОМО Илинден – Пирин, тогаш ќе верувам дека не го спорат нашиот идентитет

Фото: Левица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе дознаеме ли конечно каде се парите: Стартува судењето за „Рекет“

Редакција

Во Скопје 11: Од Ковид-19 починаа 32 лица, најмладото на 25 години

Редакција

Потврдени нови 16 случаи, вкупно 2.014: Го достигнавме предвидениот пик на заболени од корона вирусот

Редакција