Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција информира дека лицата кои се во изолација ќе се следат преку мобилна апликација која во моментов се изработува по примерот од европските земји.
-Лицата во изолација ќе бидат следени електронски, тоа е нешто што го работиме заедно со Министерството за администрација и информатичко општество. Веќе се изработува една апликација по примерот на повеќе европски земји. Мислам дека е нешто што навистина може да користи, посебно во некои делови земјата, рече Филипче.
Министерот додаде дека апликацијата ќе биде презентирана во јавноста веднаш по нејзиното техничко изготвување.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вработена во конфекција во Прилеп позитивна на коронавирусот, фабриката затворена
Медицинска сестра од Клиниката за пулмологија позитивна на коронавирусот
4 медицински сестри од Штип во самоизолација, имале контакт со пациентка со коронавирусот