Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници за долгови доспеани до 31.03.2019 и неплатени до 30.06.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини…
На листата може да се видат и голем број јавни претпријатија кои имаат милионски долгово кон УЈП.
Така, ЈП за одржување и заштита на регионални и магистрални патишта има долг од 320 милиони денари, ЈП за стопанисување со спротски објекти во сопственост на државата има долг од 50 милиони денари, ЈП Македонска радиотелевизија има долг од 36 милиони денари, ЈП Македонска радиодифузија има долг од 11 милиони денари…
Целата листа ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Звучни имиња на бизнисмени и компании на новата листа должници на УЈП
Листа на должници на УЈП: Граѓани и фирми должат 141 милиони евра