Денеска во Македонија се одржува референдум на којшто граѓаните треба да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.
Право на глас имаат 1 милион 806 илјади и 336 гласачи запишани во Избирачкиот список.
Се гласа на 3.748 избирачки места кои ќе бидат отворени од 7 до 19 часот.
По затворањето на гласањето во 19 часот, ДИК првичните резултати од референдумот добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците и целокупниот гласачки материјал од ОИК во рок од 24 часа по нивниот прием.
Референдумот ќе го набљудуваат рекорден број домашни и странски набљудувачи: акредитирани се 11.907 домашни набљудувачи и 493 странски набљудувачи. Меѓународните организации акредитирале и 194 преведувачи.
Покрај домашни, референдумот ќе го следат и странски новинари. ДИК акредитирала 83 новинари од 32 медиуми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Референдум за името: Кој се може да гласа?
Референдум за името: Како се бројат гласовите