Изјавите на бугарскиот пратеник и лидер на партијата Преродба, Костадин Костадинов не ја одразуваат официјалната позиција на Бугарија, порача денеска од Скопје шефот на бугарската дипломатија Николај Милков, кој учествуваше на македонско-бугарскиот бизнис форум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Македонија и Бугарија за првпат заедно го чествуваат Свети Климент Охридски
– Јас сум сосема категоричен дека Костадин Костадинов не ја изразува официјалната позиција на Република Бугарија и на нејзината Влада и мојот апел кон медиумите во Македонија е да не го концентрираат вниманието врз политичари коишто бараат такви крајни искази.
Поважен е официјалниот став на Бугарија и многу ќе се радуваме ако вие го посочувате на граѓаните на Македонија тоа што го мисли мнозинството од бугарското општество и политичарите, а не некои луѓе што користат такви термини за да ги истакнат своите политички внатрешни цели, рече Милков на заедничката прес-конференција со Бујар Османи.
Костадин Костадинов, на отворањето на на Културно-информативниот центар на Бугарија во Скопје на 25 ноември, рече дека „Македонија е втора бугарска држава, односно треба да бидеме една држава, која ќе се протега од Црното Море до Охридското Езеро“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Бугарскиот пратеник Костадинов и од Скопје порача дека Македонија е втора бугарска држава
Бугарскиот пратеник и лидер на “Преродба“, Костадинов повторно изјави дека „Македонија е бугарска“
МИА/Фото: МНР