еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонија влезе во фаза „многу висок ризик“: Какви се проценките за ширење на коронавирусот

Според последните податоци, заклучно вчера, во Македонија се регистрирани вкупно 908 случаи на заразени со Ковид-19 и има 44 починати лица од вирусот.

“Проценката на Светската здравствена организација (СЗО) на глобално ниво и на ниво на европски регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија е многу висок“, стои во анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје, заклучно податоците до 13.април.

Претходно Дебар, Скопје и Куманово беа во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), а останатиот дел од државата беше во фаза 3 (локализирана трансмисија).

Пикот или врвот на епидемијата во Македонија се очекува на крајот на април, а според моменталните проценки, бројот на заразени со вирусот се очекува да биде околу 2.000.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Куманово „плаче„ за карантин

На територијата на цела држава моментално е прогласена вонредна состојба. Истата стапи на сила на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена и најверојатно ќе биде продолжена.

Дека истата треба да се продолжи смета и претседателот Стево Пендаровски, а и Владата.

Истата како што е познато, меѓудругото го ограничува движењето на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Најмногу починати од коронавирусот во Куманово, најмногу заразени во Скопје

Убава вест: Во Македонија излекувани 86 лица заразени со коронавирусот

На возраст од 30 до 59 години, повеќето мажи: Детали за новозаразените со коронавирусот во Македонија

Двајца функционери во Македонија досега позитивни на коронавирусот

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството ги офрли кривичните против поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми

Редакција

СОНК и МОН ги усогласија ставовитe: Платите од септември ќе се зголемат за 15%

Редакција

Од Ковид-19 починаа 26, најмладиот пациент имал 30 години

Редакција