Бугарскиот премиер Галаб Донев, вчера изјави дека македонскиот културен клуб “Никола Вапцаров“, кој денеска се отвара во бугарскиот град Благоевград, бил приватен клуб, но и дека не бил регистриран според бугарските закони.
Ама Донев не кажа дека неговата земја не дозволува регистрација на здруженија на Македонци (Бугарија вели дека нема Македонци), кои пред Европскиот суд во Стразбур добија 16 пресуди по таа основа, а членката на Европската Унија, Бугарија не спроведе ни една.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Транспаренти “Македонија е бугарска“ во Благоевград за отворањето на македонскиот клуб
Кој го финансира македонскиот клуб во Благоевград
Бугарија има обврска да ги спроведе пресудите
Бугарија има обврска да ги спроведува пресудите на Стразбур, а Советот на министри на ЕУ треба да надгледува.
Ова го посочи лани во ноември претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано, при неговата посета на Македонија, кога беше прашан за неспроведувањето на пресудите за Бугарија за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство.
Според генералните принципи на Советот на Европа, секоја земја-членка на ЕУ, како и Бугарија, е обврзана да ги почитува пресудите на Судот и да ги исполнува доброволно во духот на Конвенцијата која ја потпишала.
Бугарија осудена поради повреда на правото за здружување
Во една од пресудите на Европскиот суд за човекови права (мај 2020), Бугарија е осудена поради повреда на правото за здружување, член 11 од Европската конвенција за човекови права, во предметот „Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија” против Бугарија.
Пресудата е донесена по жалбата поднесена против Бугарија согласно член 34 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи од Македонскиот клуб за етничка толеранција во Бугарија, здружение со седиште во Благоевград и претседателот на нејзиниот одбор, Ангел Кирилов Радонов, бугарски државјанин на 10 октомври 2013 година.
„Апелацискиот суд во Софија го засноваше одбивањето да се регистрира здружението на жалители од две основи. Првото беше дека здружението се залагаше за идејата дека во Бугарија постои македонско етничко малцинство, што значеше дека се обидува да се посвети на такво малцинство – бидејќи тоа не постои во реалноста – и така тоа беше насочено против единството на нацијата.
Втората беше карактеризирање на целите на здружението како политички и оттука може да ги следи само политичка партија.
Во Обединетата македонска организација Илинден и други (бр. 2) и Јордан Иванов и други, за овие основи е утврдено дека не се доволни за да се оправда одбивањето да се регистрираат слично здружение. Овој случај не претставува значителна разлика. Оттука, има повреда на член 11 од Конвенцијата”, заклучи судот од Стразбур.
Судот од Стразбур утврди дека нематеријалната штета претрпена од жалителите заради кршење на член 11 од Конвенцијата може да се покрие со заедничка надомест од 7.500 евра, и имаат обврска да го регистрираат здружението на Македонците во Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МИА/ОМО Илинден-Пирин/Фејсбук