Според последните податоци објавени вчера, бројот на заболени со коронавирусот во Македонија порасна на 570.
Најголем дел од новозаболените 15 лица се во Куманово, 8.
Вкупниот број на заболени лица во Куманово е 121.
Анализата на податоците за заболените од вирусот која на дневна основа ја прави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), заклучно 5 април, покажува голем раст на кумулативната инциденца во Куманово.
Кумулативната инциденца го покажува бројот на заболени на 100.000 жители и е една од причините зошто централната власт досега не дозволи затворање на Куманово, по примерот на Дебар, иако локалната власт постојано го бара истото.
„Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 84,8, додека инциденца над 30 на 100.000 жители е регистрирана во Скопје, Штип, Прилеп и Струга„, стои во анализата.
На 4 и 3 април, според податоците на ИЈЗ, кумулативната инциденца во Куманово беше 65,2.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали: Најголем дел од новозаболените со коронавирусот се на возраст од 50-59 години
Како изгледа бројот на заболени со коронавирусот по градови
Голем раст: 63 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот
Погледнете како изгледа истата по градови:
Фото: Општина Прилеп/Графика: ИЈЗ