Европската мрежа на филмски комисии (EUFCN) кој е партнер на Европскиот филмски маркет, по четврти пат доделуваат награда за најдобра филмска локација (Location award), за локации кои се појавуваат во филмови од изминатата година.
Ова е една до најважните награди за промоција на атрактивни локации за снимање на филмови.
Како долгогодишна членка на Европската мрежа на филмски комисии, Агенцијата за филм за изминатата година го пријави прилепскиот регион, односно Мариово и Трескавец, атрактивните локации кои се појавуваат во филмот „Врба“ на Милчо Манчевски.
Од вкупно 28 апликации, С. Македонија се наоѓа меѓу петте финалисти од Словачка, Германија, Италија и Литванија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Зовиќ најубавото село во Мариово пропаѓа, но убавината на мостот останува
(Галерија) По корона кризата, предлог-место за посета во нашата држава: Етно-куќа Благибог, Мариово
Фото: емагазин.мк