Германската канцеларка Ангела Меркел е задоволна поради надминувањето на деценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција и смета дека сега е отворен патот за интеграција на земјава во НАТО и Европската унија.
-Ова е само мала, но многу важна вест, која има многу врска со војна и мир, како и со стабилност, изјави Меркел на собир на ЦДУ во Тринвилерсхаген.
Како што пренесе радиото „Дојче веле“ на македонски јазик, Меркел активно го следи проблемот уште од самитот на НАТО во Букурешт и прави обиди за наоѓање начин Македонија да стане членка на Алијансата и да се приклучи на Унијата.
-Сега, со Преспанскиот договор, патот за земјата е отворен, оцени канцеларката.
МИА/Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Законот за Договорот од Преспа објавен во Службен весник на Грција, го потпиша и грчкиот претседател
Уште колку чекори од Договорот од Преспа треба да се исполнат, за да станеме членка на НАТО