еМагазин
Image default
Македонија

Меркел во Македонија од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум за името

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска доаѓа во посета на Македонија, што е прва посета на германски канцелар на државата.

Нејзината посета, која симболично е на Денот на независноста на Македонија е дел од поддршката, што меѓународната заедница ја дава за претстојниот референдум за името.

Портпаролот на германската Влада Штефен Зајберт, пред неколку дена најави дека Меркел ќе дојде во Скопје за од прва рака да формира впечаток за претстојниот референдум.

Тој додаде дека во фокусот на средбата на двајцата премиери ќе бидат „регионалните случувања и билатерални теми“, и дека Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, што ќе се одржи на крајот од месецот“.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отсуството на судијата Ставрев го одложи судењето за „Титаник“

Редакција

Анкета на ИРИ: Мнозинство граѓани поддржуваат влез во ЕУ и НАТО под „Република Северна Македонија“

Редакција

Моника Зајкова единствен кандидат: ЛДП денеска бира претседател

Редакција