Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска со полициска придружба беше спроведен во Кривичниот суд од затворот Скопје каде што издржува 30-дневен притвор.
Мијалков денеска е на обвинителна клупа за случајот „Трезор“ за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање на Специјалното јавно обвинителство.
Покрај Мијалков во „Трезор“ се обвинети и поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ.
Според обвинителниот акт, со основниот договор буџетот на РМ бил оштетен за над 13 милиони денари, додека, пак, со двата анекса за дополнителни 13 милиони и 222 илјади денари, со што државата ја оштетиле за околу 27 милиони денари.
МИА/Фото: А1он