еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски за писмото од кумановската група: Осудениците од Диво Насеље му слугуваат на Заев за да добијат помала казна

За заканите од кумановската група упатени до поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски денеска изјави дека осудениците од Диво Насеље му слугуваат на премиерот Зоран Заев за да добијат што помала казна.

„Како можам да го коментирам освен да кажам дека тоа е уште еден обид да јавноста се дефокусира од сите овие злодела кои ги прави оваа криминална непотистичка и насилничка власт луѓето претпоставувам се обидуваат од внатре да му слугуваат на деспотот Заев притоа надевајќи се гледајќи каква е реалноста дека он може да измени закони доколку тоа му е неопходно на него и на тие околу него претпоставувам бараат определена милост од деспотот Заев за да може што побрзо да излезат од таму или нешто друго да се случи.

Инаку како човек грозоморно и монструозно е да воопшто коментираме едни такви изјави од луѓе кои што се соочуваат со затворска казна која што е резултат на она што тие го сторија за време на кумановските настани односно на местото Диво Насеље.

Обично кукавици преку Фејсбук се закануваат по луѓе и по политичари и по граѓани еве како сакате земете, а притоа се обидуваат да му слугуваат на владетелот за да добијат што помала казна. Сте сториле нешто има да одговарате“, рече Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кумановската група со писмо им се закани на Ахмети, Груевски и Мијалков

Ги откри ли командант Малишева напаѓачите на Јанакиески и Ристоски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Аудио) „Рекет“ објави нова „бомба“ со Мицкоски и Кичеец, Мијалков плаќал за автобуси за митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Какви се обврските на матичните лекари кон заболените од корона вирусот

Редакција

Во Софија од Ковид-19 починал осудениот во Македонија гинеколог Николче Дамчевски

Редакција