еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Министерството за здравство го распиша тендерот за изградба на нов Клинички центар

Министерство за здравство распиша тендер за изградба на нов универзитетски Клинички центар на грин-филд локација по модел „клуч на рака“ со поддршка при менаџирање на проектот.

Рокот за реализација е 90 месеци. Како главни елементи при одредување на критериумот за избор на економски најповолна понуда се цената со 30 бодови и квалитетот со 70 бодови.

Според најавите, станува збор за проект вреден 500 милиони евра, кои ќе се обезбедат преку заем од конзорциумот Рајфајзен банк, ЕрстеГруп и УниКредит.

Новиот Клинички центар ќе се гради во Ѓорче Петров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе земе кредит за новиот Клинички центар во Ѓорче Петров

Заев: Не е точно дека Тевдовски е сменет бидејќи не сакал да потпише заем за новиот Клинички центар

Новиот Клинички центар ќе биде во скопски Ѓорче Петров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Телесмарт Телеком“ го доби тендерот на Агенцијата за вработување за телекомуникациски услуги „тежок“ 374.000 евра

Редакција

Во Србија прогласена тридневна жалост

Редакција

Нови 407 случаи на Ковид-19 од 2.540 тестирања

Редакција