Има ли одредби во Законот за амнестија кои можат да паднат на Уставниот суд е прашање кое заслужува внимание ако се земе предвид дискриминацијата која се прави со ова законско решение кон учесниците во собраниските настани на 27 април.
Имено, со овој закон се ослободуваат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор лицата за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело поврзано со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.
Одредбите не се однесуваат за лица осомничени, обвинети, правосилно осудени како и лица кои издржуваат казна затвор за настаните поврзани и во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година за кои постои основано сомнение дека учествувале во подготвување или организирање на настаните во Собранието на Република Македонија или се правосилно осудени, а кои до денот на влегување во сила на овој закон сториле кривично дело „Здружување заради непријателска дејност” од член 324 став 1 од Кривичниот законик, лица со прикриен идентитет кои употребиле физичка сила, лица кои сториле насилство, лица кои неовластено носеле оружје или распрскувачки материјали и лица кои постапиле спротивно на службените овластувања при вршење на кривичното дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” од член 313 од 7 Кривичниот законик, кривичното дело „Убиство” од член 123 од Кривичниот законик, кривичното дело „Насилство” од член 386 од Кривичниот законик.
Сега прашање е дали со ваквите одредби обвинетите пратеници не се ставаат во привилигирана положба во однос на организаторите кои немаат вина за отварањето на вратите во Собранието.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детален преглед: Што пишува во Законот за амнестија за крвавите настани во Собранието?
Села за Законот за амнестија: На 27 април ме убија еднаш, сега ме убиваат повторно
Едногласно, со големо мнозинство од 95 гласа ЗА, донесен Законот за амнестија
Фото: Уставен суд