Со новиот Правилник за листата за видовите телесни оштетувања врз основа на кои се стекнува со правото на паричен надоместок и процентите на оштетувањата, Министерството за труд и социјална политика воведува надоместок и за жените кои што имаат обострана ампутација на дојка.
„Досега право на надоместок имаа само жените со еднострана и обострана радикална ампутација на дојка. Воведувањето на ова право од пензиско инвалидско осигурување е на барање на повеќе Здруженија на жени за борба против ракот на дојка.
Во новиот Правилник којшто веќе е на сила се воведува и табеларно прецизно утврдување на острината на видот и процентите на телесно оштетување според острината на видот. Исто така е подобрен и целиот текст на самиот Правилник“, се вели во соопштението.