еМагазин
Image default
Македонија

Мухамед Зекири: Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Вељаноски

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири на Фејсбук реагира за случувањата во македонското Собрание, поврзани со пратеничкиот имунитет на пратеникот и поранешен претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Синоќа претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина седницата на која се очекуваше да биде одземен имунитетот на Вељаноски.

“Талат Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељаноски?!!!… Го СПАСИЈА за да ги “СПАСИ” некогаш ВМРО нив или …???…

Народот вели: “ Во секое ЗЛО за добро” … Јавноста уште еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија.

И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: “Ако не се срамиш, прави што сакаш”.

П.С.

ДУИ 2014 = 153.000, ДУИ 2016 = 86.000, ДУИ 2019 = …“, пишува Зекири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Павле Богоевски: Џафери го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас

„Џабе се више сите напади врз ДУИ, одговорни се спасителите на ДУИ„: Твитер за имунитетот на Вељаноски

Села за одземањето на имунитетот на Вељаноски: Дали Џафери е продолжена рака, или фатена опашка

„Драма“ за одземање на имунитетот на Вељаноски, Џафери ја прекина седницата

Фото: Фејсбук/Зекири

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имаме ограничен буџет наспроти бројот на пациенти кој се зголемува, рече директорката на Онкологија пред Анкетната комисија

Редакција

ССНМ: Институциите да не го загрозуваат здравјето на новинарските екипи

Редакција

Макрон: Гласањето на Договорот од Преспа е пример за храброст и единство на Европа

Редакција