еМагазин
Image default
Македонија

МВР: 1.082 македонски граѓани сместени во државен карантин

Донесените мерки и препораките на Владата, генерално се почитуваат од страна на граѓаните на територијата на цела држава. Тие се совесни и свесни за комплексноста на состојбата во која се наоѓаме и за важноста на почитување на мерките во овој исклучитлено важен момент и период за сите нас, информираше денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

-Надлежните институции во моментов преземаат мерки за приспособување на објектите кои ќе бидат наменети за граѓаните кои нема да ги почитуваат мерките за изолација и самоизолација, а кои ќе бидат сместени согласно одлуките на Владата во карантин на сопствена сметка, потенцираше Чулев.

Министерот информираше дека мерката за ограничување на движењето од донесувањето на 22 март, не ја почитувале вкупно 502 граѓани, од кои најголем број, односно 459 лица се на возраст од 18 до 67 години.

Од нив 26 лица се на возрат до 18 години, а 18 лица се над 67 години.

Во последните 24 часа 94 лица не ја почитувале мерката на ограничување на движењето.

-Што се однесува до преземените мерки од страна на МВР кон лицата кои не ја почитувале мерката за ограничување, вкупно до сега се приведени 199 лица од кои 14 лица се на возраст до 18 години.

Во последните 24 часа приведени се 37 граѓани од кои седум се на лица на возраст до 18 години.

Опоменати за непочитување на плицискиот час се вкупно 136 лица, соопшти Чулев.

Министерот информираше дека се поднесени вкупно 123 кривични пријави за непочитување на мерката за забрана за движење и 12 известувања со кои се опфатени 158 сторители за вкупно 144 кривични дела.

Од почетокот на мерките до сега има 1.620 решенија за изолација од кои во последните 24 часа издадени се 90.

Во последните 24 часа не е констатирано ниту едно непочитување на решенијата за самоизолација.

Потпишани се вкукпно 9.025 изјави за самоизолација од кои 99 изјави во последните 24 часа и тука имаме нагорен тренд.

Во однос на донесените решенија за изолација и изјавите за самоизолација досега се поднесени 123 кривични пријави од кои пет се во последните 24 часа.

Чулев информираше дека во функција е апликацијата која е наменета за полициските службеници, а преку која вршат проверка на дозволите за движење за време на траење на мерката, а кои се издадени од страна на МИОА.

Од аспект на соработката на МВР со Армијата веќе е изготвен оперативен план чиј наслов е „Армијата во поддршка на полицијата“.

-Преземањето на обврските од страна на Армијата се одвива во неколку фази и до овој момент е завршена првата фаза која опфаќа преземање на обврската за обезбедување на дел од зелениот појас на границата, затворите Скопје и Идризово, објектот на Владата, на Собранието, хеликоптерскиот центар, дел од објектите кои се користат како државен карантин, односно хотелот Десарет во Охрид, Детското одморалиште во Демир Капија, хотелот Фламинго, хотелот Ибис во Тафталиџе, а во следниот период оваа листа ќе биде надополнета и со други објекти, соопшти Чулев.

Информираше дека вчера со хуманитарен авионски превоз од Малме и Загреб вратени се вкупно 290 патници, а денес се очекуваат и два авиони со патници од Љубљана и Минхен.

Во моментов 19 објекти се приспособени за државен карантин, а распоредот за сместување на граѓаните го прави Генералниот сeкретаријат на Владата.

Вкупно 1.082 граѓани се сместени во државен карантин.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новозаболените лица со коронавирусот во Прилеп се на 73 и 74-годишна возраст

Македонка во САД: Живееме во социјална и економска криза како никогаш досега

Четврта жртва на коронавирусот во Македонија: Почина жена на 66 годишна возраст од околината на Струга

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 71 бремени жени заболеле со Ковид-19, без симптоми биле 32

Редакција

Барањата на осудените лица од Диво Насеље кои штрајкуваат со глад се разгледуваат, Косово бара екстрадиција на дел од нив, вели Тупанчевски

Редакција

Боки 13 останува во притвор, не му ја прифатија гаранцијата од 143.000 евра

Редакција