еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Најава за намалени цени, но што утврдивме на терен: Трговците ја ограничија продажбата на производи

Одлуките на Владата за намалување на цената на горивото вчера стапија на сила, па така бензините поевтинија за 6,5 а дизелот за 9 денари.

Ефектите од намалување на ДДВ за одредени основни производи за исхрана, пак ќе се почувствуваат наредните денови, кога се очекува и намалување на цените.

Но, пред да стапи на сила намалувањето на цените, она што деновиве се случува на терен во големите маркети е што тие го ограничуваат бројот на купени производи.

На пример, доколку сакате да купите повеќе од три основни производи, не можете, бројката е ограничена, а истото се однесува и на маслото за јадење. Од овој основен прехранбен производ, пак може да се купат само два производи.

„Така ни е наредено, не е до нас,“ вели продавачка во еден од големите маркети, кога на купувач, од пет млека, две му задржи на каса.

Малите маркети ќе бидат погодени

Со одлуката на Владата, лебот, брашното и маслото да се продаваат без маржа, најмногу ќе бидат погодени малите (маалски) продавници кои имаат најголема заработка на овие три производи, а од друга страна, трговците ја намалиле останатата роба на испорака кон нив.

Прашан за оваа состојба со малите продавници, министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека 70 отсто од продажбата на лебот, се одвива низ големите маркети, а малите можеле да заработат од други производи, кои во овој период на пример, слабо се испорачуваат од добавувачите.

Кога ќе се посетат маркетите, впечатокот е дека тие се полни и дека ништо не недостасува, но прашање е што ќе се случува после 31 мај, до кога е одлуката за ограничување на профитната маржа на трговците, а кои пак, дел од нив, поради неисплатливост, може да прекинат со увоз.

Дополнителен проблем при увозот ќе биде што секоја држава ќе го штити своето, ќе забрани извоз на основни производи, или ќе испорачува по високи цени, што на увозниците нема да им биде исплатливо.

Доколку потрае руско-украинската војна, континентот ќе се соочи со недостиг на храна, од причина што најголем дел од извозот на сончогледово масло доаѓа од Украина. Од тие причини овој производ во моментов е многу скап, а Македонија забрани извоз на одредено време, бидејќи побарувачката во регионот и Европа е огромна.

Од фабриката за производство на маслото Брилијант, уверуваат дека имаат производство и доволно количини на зејтин за испорака.

Производ, кој од една продавница најмногу може да се купи по две шишиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да има недостиг на масло за јадење, има доволно залиха и производство, велат од „Витаминка“

Лебот, сончогледовото масло за јадење и брашното ќе се продаваат по набавна цена

Рафтовите во продавниците нема да останат празни, тврди Бектеши за „еМагазин“

Овошјето и зеленчукот кои се увезуваат од Турција ќе поевтинат, бидејќи извозот кон Украина и Русија е прекинат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорката на Охридската болница, ќе биде разрешена поради случајот со почината жена од Струга

Редакција

„Правото за чествување на Гоце Делчев им припаѓа само на Македонците„: Реакција на група интелектуалци и професори

Редакција

(Фото) Осквернавен споменикот на бугарските туристи кои загинаа во Охридското Езеро

Редакција