Канцеларијата за човекови права на ОН, ОХЦХР информира за најмалку 240 цивилни жртви во Украина, 160.000 внатрешно раселени лица, а повеќе од 116.000 избегале во соседните земји, откако руските трупи влегоа во Украина.
Од таму додаваат дека вистинските бројки веројатно ќе бидат „значително повисоки“.
„Оштетувања на цивилната инфраструктура оставија стотици илјади луѓе без струја и вода.
Стотици домови беа оштетени или уништени, додека мостови и патишта погодени од гранатирање оставија некои заедници отсечени од пазарите,“ се вели во извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Украинско министерство за одбрана
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.