еМагазин
Техно ТОП СТОРИИ

Фејсбук, Инстаграм, ВатсАп и Месинџер недостапни во цел свет

Едни од најпопуларните апликации за социјално вмрежување во светот – Фејсбук, Инстаграм, ВатсАп и Месинџер „паднаа“ во цел свет.

Според веб страницата Даун Детектор (DownDetector), проблемите започнале околу 16:44 часот по средно европско време и влијаат на потрошувачите ширум светот.

„Свесни сме дека некои луѓе имаат проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме на тоа за да се вратат работите во нормала што е можно побрзо и се извинуваме за непријатностите“, истакнаа од Фејсбук.

МИА/Фото: Photo by Ochir-Erdene Oyunmedeg on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа по две лица од Тетово и Гостивар и едно од Виница, најмладото на 48-годишна возраст

Редакција

„Евро консалтинг“ го доби тендерот на ЈП за државни патишта за надзор на рехабилитацијата на патот Крива Паланка-Деве Баир вреден 457.000 евра

Редакција

Кривична пријава за „Андон Ќосето“: Преку Фејсбук му се заканувал на премиерот Зоран Заев

Редакција