еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Нагло зголемен бројот за само еден ден: 242 жртви и 14.480 заразени со коронавирусот во Кина

Бројот на жртви од новиот коронавирус во кинеската провинција Хубеи нагло се зголеми за 242, но нагло порасна и бројот на заразени – за 14.840, соопштија денеска здравствените власти откако почнаа да ги користат новите методи за дијагностицирање на болеста.

Ова е рекорден број на регистрирани смртни случаи и зарази во еден ден, со што вкупниот број на луѓе кои починале од последици од новиот коронавирус во Кина сега се зголеми на 1.310, а бројот на заразени на 48.206.

Здравствените власти во провинцијата, жариштето на коронавирусот, објавија дека од денеска во билансот ги вклучуваат и луѓето кај кои болеста е дијагностицирана со новите методи.

Провинциската здравствена комисија минатата недела најави дека ќе почне да ги признава резултатите од компјутерска томографија, радиолошки метод на снимање на пациентите, како потврда за инфекцијата, што им овозможува на болниците побрзо да ги изолираат пациентите.

Провинцијата Хубеи претходно ги признаваше само резултатите од тест со рибонуклеинска киселина, кој покажува присуство на вирусот, но потребно е извесно време да се добијат резултати.

Користењето на скенер може брзо да покаже инфекции на белите дробови, така што пациентите ќе можат навреме да почнат со лекување и со тоа да се зголеми и можноста да бидат излекувани.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бројката на заразени со коронавирус на крузерот во Јапонија каде што има и наши граѓани, достигна 174 лица

(Видео) Се што треба да знаете за коронавирусот: Едукативно видео на Светската здравствена организација

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гаврил Бубевски избран за шеф на ОЈО Скопје

Редакција

„Среќен сум што на едно големо натпреварување се опростувам од репрезентацијата,“ вели Пандев

Редакција

„Електроизградба“ го доби тендерот на Град Скопје за одржување на јавното осветлување и градските часовници вреден милион евра

Редакција