еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Не само за наркотици, тестови и за менталното здравје на македонските политичари

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако независниот пратеник, Павле Богоевски јавно призна дека на црно набавувал масло од марихуана, иако истото за медицинска употреба веќе со месеци се произведува и кај нас и се продава и на нашиот пазар.

Од ДУИ покренаа инцијатива секој пратеник и функционер да се тестира за користење наркотици и порачаа дека ќе почнале од нивните.

И од ВМРО-ДПМНЕ подржуваат вакво тестирање, СДСМ се уште не се изјасниле, а од Алијансата за Албанците пак побараа тестови за наркотици да прават не само функционерите и пратениците, туку и нивните најблиски членови од семејството.

Колку оваа инцијатива, која веќе се користи во многу нормални земји, ќе биде чудо за три дена и само собирање на политички поени и симпатии во јавноста или ќе стане реалност и во Македонија останува да видиме.

Ако веќе македонските политичари се тестираат за наркотици, еден предлог и од еМагазин: истите нека се тестираат и за физичко и ментално здравје. Тоа не е нешто ново, туку редовна пракса во многу земји.

Менталното здравје на американскиот претседател Доналд Трамп на пр. беше топ тема во САД со месеци.

Во случајот на Македонија вакви тестови и те како се потребни, имајќи во предвид до кое дереџе не донесоа нашите политичари изминативе децении, а некои од нив повеќе од очигледно имаа психички проблеми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието и Владата се прогласија за ненадлежни во случајот Павле Богоевски, на ред истражните органи

Тортевски се огласи за случајот Богоевски: „Пајо оставка веднаш, а другото во ОЈО“

Твитер „поцрвене“ за случајот Богоевски: „А зошто набавувал Павле на црно кога има наше легално масло“

По признанието на Богоевски: Оставка или амнестија на сите осудени за набавка на масло од канабис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕУ одобри безусловен почеток на преговорите со Македонија

Редакција

Старица во Струмица убиена со давење или задушување

Редакција

Четврта жртва по експлозијата во Романовце: Почина и 58-годишен маж

Редакција