еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Не Ви го честитамe 8. Март: Во повеќе од 34 општини нема ниту еден гинеколог

Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ, објавија зошто денеска нема да им го честитаат на жените 8 Март.

Тие на нивниот Фејсбук-профил објавија 14 права на жените кои се уште во државата не се остварени и повикуваат да се започне со секојдневната борба за правда.

1. Во повеќе од 34 општини нема ниту еден гинеколог

2. Затоа што половина милион жени на возраст над 12 години имаат ограничен пристап до примарна гинеколошка здравствена заштита

3. Затоа што Министерството за здравство не ја покрива партиципацијата за сите породувања во јавните здравствени установи во земјата

4. Затоа што за пет години умреле 203 жени од кацрином на грло на матка, а Министерството за здравство и во 2019 година го намали буџетот за 2.8 милиони денари

5. Затоа што жените, сексуалните и родовите малцинства се дискриминирани во сите сфери на живеење и нивните права не се почитуваат

6. Затоа што правото на здравствена заштита на „помалиот“ етнички колектив во земјава разочарува

7. Затоа што во период од 5 години се убиени 70 жени во земјава, од кои што 51 се жртви на фемицид

8. Затоа што државата не превзема конкретни мерки за поддршка на жените жртви на семејно насилство откако ќе излезат од кругот на насилството

9. Затоа што институциите не се транспарентни

10. Затоа што е висока стапката на невработеност

11. Затоа што жените не се заштитетни од сексуално вознемирување при работа

12. Затоа што голем број судски постапки за семејно насилство немаат разрешница

13. Затоа што нè сите деца се вклучени во образовниот систем

14. Затоа што треба, а не сте рамноправни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

“Трагично е што уште дискутираме за женска рамноправност“: Твитер за 8. Март

Среќен 8 Март: Дискриминаторска мерка на Владата за поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство

Среќен 8 Март: Жените тешко доаѓаат до раководни позиции и се надвор од пазарот на труд

Среќен 8 Март: Само 5 проценти од директорите на јавните институции се жени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

6 починале: Вкупно 663 граѓани во Македонија по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

Макпетрол ќе набавува гас за март по цена од 60,10 евра

Редакција

Ванчо Ѓоргиев од заедничката Комисија со Бугарија не поднел формално оставка, Османи одлучил да го прекине договорот

Редакција