Иден министер за надворешни работи, предлог на ДУИ е актуелниот вицепремиер за европски прашања, Бујар Османи.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција кога станал вицепремиер.
еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле кандидатите за членови на новата влада.
Каков имот пријавил?
Османи според неговиот анкетен лист, нема недвижен имот на свое име.
На име на родителите пријавил куќа од 400 метри квадратни во Скопје, проценета на 11 милиони денари.
На име на сопругата пријавил возило Опел Корса, а тој вози Ауди А6.
На свое име пријавил и заем, нема податок дали го вратил, а има и кредит од речиси 3,7 милиони денари, кој треба да го врати до 2032 година.
Целиот негов анкетен лист ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил старо-новиот претседател на Собранието, Талат Џафери
Каков имот пријавила министерката Ангеловска, за која Антикорупциска отвори предмет
Фото: Влада