Трошоците на живот во јануари биле зголемени за 1,5 проценти, а цените на мало за 1,2 проценти во однос на декември, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пораст на трошоците на живот е забележан кај кафето, чајот и какаото за 4,3 проценти, рибата и морските плодови за 3,5 проценти, кај свежото овошје за 3,4 проценти, пивото за 2,6 проценти, како и кај виното, минералната вода, газираните пијалоци, соковите, шеќерот, медот, чоколадото и кондиторските производи.
Зголемување има и кај централното греење за 14 проценти и електричната енергија за домаќинствата за 9,4 проценти.
Намалување на трошоците на животот има кај воздухопловниот патнички транспорт за 8,4 проценти, медиумите за снимање за 4,2 проценти, обувките за 1,7 проценти, парамедицинските услуги за 1,2 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците, туристичките аранжмани…
Споредбено со јануари лани, зголемување од 6,7 проценти има кај трошоците на живот, а за 7,3 проценти кај цените на мало.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минималната синдикална кошничка во јануари пораснала за 770 денари