Порталот Лидер објави аудио снимка во која наводно се слуша гласот на градоначалникот на скопската општина, Шуто Оризари, Курто Дудуш како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа.
Од порталот велат дека снимката им ја пратил „свиркач“, без да го знаат потеклото и начинот на кој таа е направена.
„Ајде седни, чекај да ја заклучам вратата за да не ми избегаш. Имам со тебе да завршам некоја работа“, вака почнува аудио снимката, во која понатаму се слуша како наводно Дудуш го прашува човекот зошто го пцуел „на сред центар” и почнува физички да го измачува.
Во снимката во неколку наврати се слушаат силни удари и тепање на извесн Сенат, кој е наводно заклучен во канцеларијата на Дудуш.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш, вели дека снимката била монтирана
Фото: Фејсбук/Дудуш