еМагазин
Image default
Македонија

Одбиена жалбата на СЈО против решението на судија на претходна постапка за Димитровски и Главчев

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд ја одби жалбата на СЈО против решението на судија на претходна постапка за определување мерка претпазливост за поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски и за сопственик на НОЕЛ Експорт Импорт, Томе Главчев.

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Специјалното јавно обвинителство изјавена против решенија на судија на претходна постапка, донесе решение со кое жалбата на Обвинителството се одбива, а се потврдува решението на судија на претходна постапка, се наведува во соопштението од Судот.

По однос на став 2 од жалбата, а по службена должност, со решението на советот на осомничените Р.Д. и Т.Г. се опредлува дополнителна мерка претпазливост и тоа привремено одземање на патна исправа и забрана за издавање нова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЈО поднесе жалба на одлуката на Основниот суд за тројцата осомничени од предметот „Поштенска банка“

Tројца осомничени за новата истрага на СЈО „Поштенска банка“ добија мерки за претпазливост

Истрага „Поштенска банка“: Георгиевски и Груевски поради застареност на делото нема да бидат гонети од СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали и тоа што не отворивме ни едно поглавје со ЕУ е отстапување од Договорот од Преспа, прашува претседателката Силјановска Давкова

Редакција

(Видео) Внук на Гоце Делчев: Јас сум Македонец и моите предци се Македонци

Редакција

Во последните три дена 254 случаи на Ковид-19, починале четири, а оздравеле 412 лица

Редакција