Од Министерство за економија за еМагазин информираат дека од 15 до 23 јули биле искористени 1.996 ваучери за домашен туризам. Според информациите од таму, најголем дел од ваучерите се искористени за во Охрид и во Струга.
Од 117.122 издадени ваучери од 6.000 денари на семејства со ниски приходи, само првата недела од почетокот на кампањата искористени се 1.996.
Во Охрид деновиве „врие“ од туристи, а според оценките на туристичките работници сезоната е како во најдобрите времиња.
Тоа што се уште е затворена границата со Грција, но и сложеноста за патување поради пандемијата со Ковид-19, придонесе најголем дел од македонските граѓани да се решат да останат дома.
Во тек е и кампања „Дома си е дома“, која има за цел граѓаните да ги запознае со убавините на Македонија и да се тера и алтернативен и рурален туризам.