еМагазин
Image default
Македонија

Опозицијата побарала дополнително време да ги разгледа измените на Законот за заштита од заразни болести

На барање на опозицијата на денешната 18. собраниска седница не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, којшто треба да бидат основа за спроведување нови мерки за заштита од коронавирусот.

Од пратеничката група на СДСМ посочуваат дека опозицијата побарала време да го разгледа, бидејќи имале сомнеж во некои одредби.

Од ВМРО-ДПМНЕ, потврдуваат дека побарале пред да се изјаснат за законот да го разгледаат и да дадат свои предлози. Од опозициската партија велат дека сакаат да дадат свој придонес и поддршка во напорите за справување со Ковид-19.

Законот, би се нашол на дневен ред на следната собраниска седница на 27 октомври, кога се очекува на работа да се вратат и двајцата пратеници позитивни на Ковид – 19 од мнозинството, Лазе Танески и Исмаил Јахоски.

На собранискиот сајт во предлог-дневниот ред за денешната 18. седница како последна точка беше ставен и овој закон, но на седницата немаше образложение зошто тој денеска не се става на дневен ред.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 231 болни од Ковид-19

Редакција

Димковски, Исмаили, Милевски, Дураки и Нуредини избрани за нови министри

Редакција

Судијата Киро Здравев е новиот претседател на Судскиот совет

Редакција